Македонија во агендата на врвни белгиски текстилни компании

Bez autora
May 15 2013

Неколку врвни текстилни компании и еден светски бренд од хемиската индустрија од Белгија се заинтересирани за инвестирање во Македонија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова го потврди директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида по вчерашниот бизнис-форум во главниот град на Кралството Белгија на кој учествуваа претставници на десетте најголеми компании од текстилниот сектор од оваа земја-членка на Европската унија. Фида за МИА изјави дека белгискиот текстилен сектор е многу значаен и силен, а поради специфичноста на браншата бара нови бизнис-дестинации во Европа што ќе им овозможат полесен и побрз пристап до пазарите веќе воспоставени на стариот континентт.

Македонија во агендата на врвни белгиски текстилни компанииНеколку врвни текстилни компании и еден светски бренд од хемиската индустрија од Белгија се заинтересирани за инвестирање во Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова го потврди директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида по вчерашниот бизнис-форум во главниот град на Кралството Белгија на кој учествуваа претставници на десетте најголеми компании од текстилниот сектор од оваа земја-членка на Европската унија. Фида за МИА изјави дека белгискиот текстилен сектор е многу значаен и силен, а поради специфичноста на браншата бара нови бизнис-дестинации во Европа што ќе им овозможат полесен и побрз пристап до пазарите веќе воспоставени на стариот континентт.

- Овие состаноци во организација на нашата Агенција, но и на македонскиот економски промотор во Белгија, Крешник Бектеши, како и на Амбасадата на Република Македонија при Кралството, мислиме дека нудат добра шанса како бизнис-дестинација да ги привлечеме овие компании, пред се во прва фаза да ја посетат Македонија, а потоа и да одлучат и да инвестираат во нашата земја - рече Фида.

Директорот Фида потврди дека Македонија има константна комуникација со компаниите во Белгија преку економскиот промотор Бектеши кој е постојано во комуникација со заинтересираните компании за инвестирање во нашата земја. Фида потврдува и дека освен компании од текстилниот дел на индустријата во Белгија е можно остварување на соработка и со силни брендови од други сектори.

- Во агендата на средби во Брисел имаме уште пет други големи компании што не се од текстилниот сектор. Имавме средба со претставниците на една од најголемите светски компании од областа на хемиската индустрија што се наоѓа во главниот град на Кралството, а која пројави интерес за посета и евентуална инвестиција во Македонија - рече Фида.

Според него, оваа компанија гледа да биде што поблиску лоцирана на делот на Блискиот Исток и пазарот во Турција.

- По она што ние им го презентиравме тие покажаа голем интерес за инвестирање во нашата земја - истакна Фида кој не сакаше да ги открие имињата на компаниите што се блиску по Ван Хал која веќе инвестира во Македонија за производство на автобуси, да станат следните белгиски инвеститори во нашата земја.

Според планот, Фида вчера имаше средба со една голема компанија за компјутерска технологија, додека денеска ќе има два состаноци од кој едниот е со претставници на компанија од автомобилската и другата од хемиската индустрија.

Фида пристигна во Брисел директно по економското роуд-шоу во САД, а за тоа каде ќе замине денеска на дводневната работна посета на Кралството Белгија рече дека продолжува во неколку други земји од Европската унија преку т.н. роуд-шоуа што ги организира целиот економски тим на Владата до крајот на јуни.

- По паузата за летниот период, од септември продолжуваме со истото темпо - нагласи Фида.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik